Започна регионалната конференција POINT во Сараево, во ко-организација на Фондацијата Метаморфозис

-

Денеска започна десеттото издание на регионалната конференција POINT (Political Accountability and New Technologies – Политичка отчетност и нови технологии) во Сараево, во ко-организација на Фондацијата Метаморфозис. Конференцијата ја организираат членовите на мрежата ACTION SEE, од која дел е и Фондацијата Метаморфозис, а денеска и утре на панелите ќе говорат претставници од медиумите на Метаморфозис – Порталб, Мета и Вистиномер, пишува Порталб.мк.

Конференцијата POINT е најголемата конференција од ваков вид во регионот и има за цел да биде платформа за граѓанското општество што ја поттикнува употребата на новите технологии како едукативна алатка за користење на новите технологии и социјалните мрежи. Таа е форум за размена на ставови и искуства, инкубатор за развој на идеи, проекти и стратегии, како и виртуелен простор за вмрежување и информирање на интернет свесни корисници, но и социјална мрежа за истражување и барање партнери и соработници и градење коалиции.

Секоја година има говорници од целиот свет, практичари од целиот балкански регион и експерти од областа на модерната транспарентност и отчетност кои разговараат за актуелните политички прашања и ангажманот на граѓанското општество.

Главната уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари денеска ќе зборува на првиот панел на тема „Поттикнување иницијатива за проверка на фактите“. Главниот уредник на Вистиномер на македонски јазик, Владимир Петрески денеска ќе зборува на вториот панел на тема „Приказни од регионот и пошироко – прв дел“. Утре, пак, заменик – главниот уредник на Мета.мк, Бојан Блажевски, ќе зборува на тема „Економска миграција и одлив на мозоци (brain drain)“.

На конференцијата ќе се разговара и на следните теми: Еволуцијата на Civic Tech – доброто и злото, Дигитални права и дигитален страв, Известување за Украина – Како да бидете сигурни дека ќе се слушне вистината?, Борбата за медиумски кредибилитет, Приказни од регионот и пошироко – втор дел, Панел во партнерство со ОВП: Десет години во Отворено владино партнерство, Теориите на заговор и нападите врз науката, Кога граѓанското општество води политика, Арапска пролет – последици, како и Бизнис заедницата во дигиталната ера на дезинформации.

Иако POINT е високо професионален собир, тој нуди и одлично искуство во вмрежувањето. POINT е организиран од мрежата ACTION SEE, чии членови се „Зашто не“ од Босна и Херцеговина, ЦДТ – Центар за демократска транзиција од Црна Гора,
ЦРТА – Центар за истражување, транспарентност и отчетност од Србија и Фондацијата Метаморфозис од Северна Македонија.

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...