fbpx

Заев: Одлуката на Уставен суд само охрабрува нови изборни измами

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од Кочани го кажа својот личен став за последната одлука на Уставниот суд, со која се дозволува разгледување на уставноста на Законот за помилување.

–  Само да потсетам дека изборните грабежи, независноста на судството и пратизираните институции беа главни причини за политичката криза во Македонија. Со одлуката на Уставниот суд, Никола Груевски многу јасно ја призна вината на своите најблиски соработници за изборните измами. Одлуката на Уставниот суд се носи за да се заштитат Никола Груевски и луѓето околу него за сторените изборни измами. Одлуката во исто време охрабрува нови изборни измами, нови изборни грабежи. Зарем некој мисли дека треба да дозволиме вака да остане? – праша Заев.

Тој потсети дека највисоките партиски функционери веќе се осомничени од Специјалното јавно обвинителство за злосторничко здружување. Според Заев, очигледно е дека врвот на ВМРО-ДПМНЕ знае со какви докази располага тимот на Катица Јанева и за што се покренати постапките.

– Никола Груевски се плаши од правда, се плаши од вистината и очигледно се плаши од одговорноста. Бегање од одоговорност нема да има и не смееме да дозволиме за никој да има – рече Заев.

Прашан да искоментира дали Државната изборна комисија ќе успее да го прочисти  избирачкиот список, лидерот на СДСМ рече дека сите информации укажуваат дека ДИК до 15 април ќе стигне да го  комплетира списокот.

– До 25 мај се заклучува избирачкиот список. Очекуваме дека нема да излезат некои непознати, нерешливи проблеми за ДИК за навремено да се заврши таа постапка, а истовремено очекуваме наскоро да има регулација на медиумите – изјави Заев од Кочани, каде што разговараше со младите за политиките поврзани со нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...