fbpx

Заев: И СДСМ ќе се откаже од потпретседател на Собранието, ако ВМРО-ДПМНЕ го стори тоа

-

При посетата на Македонска Каменица денеска, одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев, порача дека ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од тоа да има свој потпретседател на Собранието, и СДСМ ќе го стори тоа, и наместо пет потпретседатели, колку што беше предложено, Собранието ќе има само три. Претходно ВМРО-ДПМНЕ објави дека се повлекува од идејата да има свој потпретседател.

– Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече од кандидат за потпретседател, тогаш и СДСМ ќе се повлече и ќе оставиме простор на помалите, за и бројката на потпретседатели да биде помала. Јас ја следев нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, ама може ќе се повлечеме, ќе видиме, како ќе постапат, така ќе се однесуваме затоа што на крајот тука е и одговорноста, одговори Заев, додавајќи дека токму СДСМ се заложи пред граѓаните за рационализација на јавната администрација и институциите, а тоа го покажа уште на самиот почеток преку намалување на министерските позиции на 19 од 26 министри колку што беа претходно – порача Заев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во телевизиско гостување вчера рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, посочувајќи дека тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните. Денеска истото го повтори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...