fbpx

Заев: Блокадата на законите се сериозна причина да разговараме за одложување на изборите

-

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека тој не сака изборите да бидат одложени, но оти е можно за тоа да се разговара и тој да не поднесе оставка на функцијата, доколку опозицијата ги блокира процесите за донесување на законите во Собранието.

Toj нагласи дека голем дел од овие закони чие донесување, според него, го кочи опозицијата, мора да се усвојуваат во декември бидејќи се врзани со буџетот за да може нивната имплементација да почне во јануари.

– Изборите се договорени и тие треба да се одржат на 12 април. Јас сум првиот што сака да ги запазиме сите процедури, но ако се дозволи опозицијата на видлив начин во Собранието да наоѓа начини, а има право според Деловник, да ги блокира законите за повисоки плати и пензии, за реализација на државните проекти кои живот значат за граѓаните, тоа се сосема серозни причини да разговараме дури и за одложување на изборите – изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања по почетокот на активностите за изградба на нова зграда за Одделот за крим техника при Министерството за внатрешни работи.

Дека СДСМ се подготвува и сака да има избори, според Заев, говори и фактот што за в петок партијата има закажано седница на Централниот одбор, на која треба да се одлучи за новиот технички премиер и за дополнителните заменици министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...