fbpx

Заев: Блокадата на преговорите со ЕУ беше многу нефер

-

Блокадата од Франција, односно од францускиот претседател Емануел Макрон, за давањето датум за преговори за Северна Македонија беше нефер и предизвика големо разочарување кај македонскиот граѓани, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање по конференцијата „НАТО се ангажира“ на маргините на лидерскиот самит на НАТО, кој се одржува утре во Лондон.

-Ова беше многу нефер за нас, ние сме кандидати за ЕУ петнаесет години, сите 28 земји членки потврдија во Советот на ЕУ дека сме ги исполниле реформите, најдовме решение со Грција и Бугарија, го сменивме нашето уставно име и одлуката дека на ЕУ и е потребно повеќе време беше многу дестабилизирачка за нас, многу бевме разочарани, но ние продолжуваме со реформите и се надевам дека оваа грешка ќе биде поправена многу скоро – изјави Заев.

Тој рече и дека земјава ќе ја постигне стапката од два отсто БДП за одбрана во 2024 година, а можеби и порано.

-Во последните две и пол години го дуплиравме трошокот за одбрана, од 0,8 отсто сега сме на 1,3 отсто и нашата цел е да постигнеме два отсто во 2024, а ќе ја постигнеме стапката и порано – рече Заев на конференцијата „НАТО се ангажира“.

Премиерот Заев заедно со министрите Шеќеринска, Димитров и вицепремиерот Османи учествува на самитот на лидерите на земјите членки на НАТО кој формално се одржува утре. На маргините денеска се одржуваат билатерални средби, како и конференцијата „НАТО се ангажира“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...