fbpx

ПИСА: Македонските средношколци едвај знаат да читаат – тие се на 67. место од 77 држави

-

Maкедонските петнаесетгодишници, според вештините во читање освоиле 393 поени, а просекот на земјите-членки на ОЕЦД е 487, што ја рангира државата на 67 место од вкупно 77 држави, покажува последниот извештај на ПИСА ( Programme for International Student Assessment ) кој е објавен денеска.

На листата земји од целиот свет кои учествуваа во ова истражување, нашите ученици според постигањата во читање, се во друштво со нивните врсници од Саудиска Арабија, Тајланд, Баку, Казакстан, Мароко.

„Повеќе од 10 милиони ученици кои учествувале во ПИСА истражувањето, не можеле да ги исполнат ниту најосновните задачи во читање, а се работи за деца на 15 годишна возраст од 79 земји во светот со висок и среден приход. Само 77 отсто од студентите, го достигнале нивото 2 во читање. Тоа ниво ја означува точката во која учениците се стекнале со технички вештини да читаат и да можат да го користат читањето за учење. Овие ученици имаат миниум способност да ја идентификуваат главната идеја во умерено долг текст, да најдат информации засновани на експлицитни критериуми и да размислуваат за целта и формата на текстовите, кога им се дава насока да го сторат тоа“, стои во извештајот.

Далеку потпросечни се и постигањата на нашите средношколци по математика. Нашата земја според бројот на освоените 394 поени, е на 66 место, а просекот е 489. Пет места пред нас на листата е Босна и Херцеговина, а цели 18, односно 19 места пред нас се Албанија и Бугарија. Најдобри резултати нашите деца покажале по природни науки, каде сме рангирани на 63 место со 413 поени. Од земјитe во регионот, зад нас е само Босна и Херцеговина.

„Загрижувачки е податокот дека цела една третина од учениците од земјите-учеснички во ПИСА, мислат дека интелигенцијата е нешто во врска со нив самите кое не можат да го променат. Над 60 отсто од учениците во Доминиканска Република, Индонезија, Косово, Република Северна Македонија, Панама и Филипините, не се согласиле со изјавата: „Вашата интелигенција е нешто во врска со вас кое не можете многу да го промените.“ Многу е веројатно дека овие студенти не би инвестирале во себе, што пак, е неопходно да успеат и на училиште и во животот“ пишува во извештајот.

Во него е наведено дека постојат различни начини со помош на кои може да се работи на развој на начините на размислување кај учениците.

„За капацитетот на мозокот може да се научи многу преку читање, дискусии на таа тема во текот на часовите, како и преку други активности. Истражувањата покажаа дека студентите кои се изложени на вакви учења на училиште, имаат тенденција посилно да веруваат во капацитетот на мозокот да се менува“, стои во препораките.

Во меѓународната студија учествуваа околу 5.500 ученици во средно образование, кои следат настава на македонски и албански јазик. ПИСА е меѓународна студија која ги мери способностите и знаењата на учениците колку се подготвени за влез во животот и продолжување на образованието, вклучувајќи го и процесот на пазарот на трудот на возраст од 15 години во три подрачја – оспособеност за читање со разбирање, математичка писменост и писменост во природните науки.

Процедурите на спроведување на студијата се дефинирани од страна на ОЕЦД и се исти за сите земји кои учествуваат во тестирањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...