fbpx

Јанева и Јовановски не чувствуваат вина, Милески го призна делото

-

На денешното прво судско рочиште за случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева рече дека не чувствува никаква вина.

„Ни трошка не се чувствувам виновна“, рече Јанева, за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Обвинителката Вилма Русковска пред почетокот на судењето ѝ посочи на Јанева дека „се посрамотила себе си, и ја изиграла довербата на целиот народ“.

„Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци“, изјави Рускоска.

Вина не чувствува ниту првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

„Не чувствувам вина ниту за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, ниту за перење пари“, рече кратко Јовановски кој пред судот се изјасни дека е невработен, студирал и немал имот на негово име.

Зоран Милески пак призна вина и накратко додаде дека „доброволно го дава ова признание“, по што веднаш беше издвоен од постапката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...