За три недели Порталб.мк сними 3 мали депонии во „Студентската населба“ во Тетово

Фото: Порталб.мк

Паркот во близина на двата универзитета и двете средни училишта, кој се наоѓа во дворот на Средното училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, низ кој минуваат секој ден ученици, беше полн со ѓубре и кучиња скитници. Активистката на Движењето „Мајка и дете“, Елмедина Абдулаи за Порталб.мк изјави дека често се чувствува засрамено кога доаѓаат посетители од странство и гледаат со каква слика се соочуваат студентите од Тетово секој ден.

Во населбата во која Порталб.мк во рок од 20 дена има снимено три мали депонии, живеат главно млади студенти од различни градови во земјата и странство, кои дошле да студираат во Тетово.

Абдулаи од Движењето „Мајка и дете“ го потенцираше фактот на недостаток на општа еколошка свест, меѓутоа, додаде дека целата одговорност за ова е на општинските власти и надлежните институции кои имаат должност да ги казнуваат загадувачите.

„Грев е простор каде што има два универзитета и две средни училишта да биде во ваква мизерна и незавидна состојба. Срамота е кога посетители од странство доаѓаат кај нас и гледаат каде всушност се движат нашите студенти. Не се сомневам дека има недостиг на еколошка свест и дека луѓето можат да се однесуваат уште подобро, но без двоумење можам да кажам дека институциите имаат најголема одговорност бидејќи ако нешто не функционира добро, мора да се преземат конкретни мерки. Во овој во случај да се смени начинот на нивното организирање и ако навистина мислат дека луѓето се невнимателни, треба да бидат казнети. Повторно ги имаат инструментите во рака и можат да направат промени. Додека патувам од дома за на работа, гледам дека има луѓе што чистат, но тие само ја чистат улицата. Не сум видела дека го чистат и останатиот дел“, рече Елмедина Абдулаи, еко-активистка на Движењето „Мајка и дете“.

Според неа, Општина Тетово потфрли во управувањето со отпадот и не само во тоа, Абдулаи рече дека во Тетово целиот град е задушен од ѓубре, кое се наоѓа на секој агол од градот, а за ова, никој не презема мерки.

„Не мислам дека овој проблем постои само на овој простор, целиот град е задушен од ѓубре, каде и да движиме има полно ѓубре и го гледаме, навистина е грев да се види дека млади луѓе се движат во вакви места. Потоа младите ни бегаат, е па ни бегаат затоа што се уморни од вакви слики, кои ги гледаат секој ден. Општината има сериозен проблем со управувањето на отпадот бидејќи има проблем во многу други области“, додаде Абдулаи.

Се обидовме да контактираме со раководителот на Јавното претпријатие „Тетово“, Џелал Цека, кој е одговорен за управување со отпад во Тетово, но сепак тој одлучи да не одговори на прашањата на Порталб.мк.

Пред две недели ја објавивме веста во која се гледа еден куп неисчистено ѓубре во истата населба, во која живеат главно студенти и се наоѓа на две минути од универзитетите и две средни училишта. Потсетуваме дека по нашата вест и пријавата за малата депонија до Инспекторатот за животна средина, тоа место беше исчистено, но не и аглите на тротоарот.

Во меѓувреме, пред десет дена интервјуиравме еден од студентите кој живее во „Студентската населба“, која се наоѓа на истата улица и на само две минути во близина на универзитетите, ситуацијата во тој дел беше мизерна, полна со ѓубре, кучиња скитници, корисници на дрога и е без јавно осветлување.

„Имаме многу проблеми да го поминеме патот тука, имаме факултет на само 2-3 минути од тука, но принудени сме да поминуваме овде секој ден за да одиме на факултет, и како што можете да видите патот е скоро непрооден бидејќи не е регулирано. Има ѓубре, особено кога врне и врне снег, тука местото е непроодно. Понекогаш местото смрди на ѓубре поради реата“, рече Љум Красниќи, студент во Тетово.