fbpx

За грчката влада крајот на летото ќе биде жежок и со набиена агенда

-

Неочекуваната разврска на кризата со двајцата грчки војници што по пет месеци заробеништво во Турција беа ослободени, нема премногу да ја успокои владата на Грција, која на крајот на летото и на почетокот на есента ја очекуваат многу клучни прашања од надворешната политика.

Најважното е секако референдумот во Македонија за Договорот од Преспа, но и тоа што ќе се случи ако Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, коалицискиот партнер на Сириза, ги оствари заканите да не го поддржи договорот при ратификацијата во парламентот.

Иако заробувањетo на двајцата грчки војници беше сериозен оган во грчко-турските односи, но кипарското прашање и плановите на „Ексон Мобајл“ в септември повторно ќе го актуелизира прашањето дали постои вистинска волја за квалитетно подобрување на односите меѓу двете држави. Атина посебно очeкува како на почетокот на дупчењето во Кипарската ексклузивна економска зона ќе реагира турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во тој контекст, на 11 септември, посредничката Џејн Хол Лат од Обединетите Нации ќе дојде во Атина за средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, пред почетокот на новата рунда преговори за кипарското прашање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...