fbpx

За 1.000 евра станала директорка на фирма со долгови од 81.000 евра

-

Прилепската полиција поднела кривична пријава против А.Д.(44) од селото Дебреште, инаку сопственик и основач на фирмата „Еуролидер туризам“, кој се товари за измама, злоупотреба на службената положба и овластување, потоа оштетување или повластување доверители и фалсификување исправа.

Во врска со случајот, пријава е поднесена и против прилепчанецот М.К.(40) кој се товари за кривичното дело измама.

Како што информираат од полицијата, сопственикот на „Еуролидер туризам“ имал неплатени обврски кон Управата за јавни приходи (УЈП) и кон други доверители во вкупен износ од околу пет милиони денари, односно околу 81.000 евра, поради што од 2007 година му била блокирана жиро-сметката на фирмата.

За да го избегне плаќањето на долгот, тој на прилепчанецот му платил 800 евра за да најде некого кого ќе го регистрира како управител на фирмата. За тоа била ангажирана извесна Р.Д. од Прилеп, која поради тешката материјална состојба во која се наоѓала, за 1.000 евра потпишала документација за преземање на фирмата, без да знае дека со тоа презема обврски и кон долгот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...