fbpx

Втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани ќе биде готова до крајот на годинава

-

До крајот на 2021 година ќе може да се вози по целосната траса на експресниот пат Штип-Кочани. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот од селото Крупиште до Кочани.

Втората фаза од експресниот пат е со должина од 13,7 километри, а инвестицијата е со вредност од 18,2 милиони евра. Инаку, вкупната должина на експресниот пат од Штип до Кочани е 28 километри и со вредност од 37,3 милиони евра, а првата фаза од овој пат беше пуштена во употреба во јули 2020 година.

„Со изградбата на овој експресен пат создаваме брза патна врска меѓу Источниот и централниот дел на државата, отвораме можност за влез на нови инвеститори, за зголемување на работните места но и подобра комуникација меѓу граѓаните’’, изјави министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми истакна дека вкупната широчина на експресниот пат е 11,4 метри, со две сообраќајни ленти од по 3,5 метри, две ленти за принудно застанување од по 2 метри и две рабни ленти од по 0,20 метри. Овој нов патен правец започнува кај месноста Три чешми во Штип и се надоврзува на веќе завршениот автопат Миладиновци-Свети Николе-Штип. Идната максимална брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...