среда, 22 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: Јавно претпријатие за државни патишта | 15 резултати

Скапо го враќаме кредитот за изградба на автопатите, Кина остана во земјава да гради и со европски пари

август 20, 2022

Северна Македонија зеде кредит од кинеската Ексим банка за изградба на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, при што во моментов скапо ги враќа ратите од кредитот поради рекордното зајакнување на американскиот долар во однос на македонскиот денар. Во меѓувреме, по повеќе од осум години и шест месеци од почетокот на градежните работи, […]

Вистиномер: И на реконструираната делница од регионалниот пат Тетово – Јажинце се поставени „легнати полицајци“

јануари 10, 2022

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за едно ветување: Директорот на  Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми на 27 мај 2021 година, најави дека кога ќе се рехабилитира регионалниот пат Тетово – Јажинце ќе се извадат таканаречените „лежечки полицајци“. Ако се рехабилитира почетокот на оваа делница ќе се извадат и таканаречените легнати полицајци […]

Втората фаза од изградбата на експресниот пат Штип-Кочани ќе биде готова до крајот на годинава

март 2, 2021

До крајот на 2021 година ќе може да се вози по целосната траса на експресниот пат Штип-Кочани. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска извршија увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот од селото Крупиште до Кочани. Втората фаза од […]

Проработе патарината „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија, автомобилите ќе плаќаат 80 денари

ноември 6, 2020

Најновата наплатна станица „Демир Капија“ на автопатот Скопје-Гевгелија од 28 октомври е пуштена во употреба, потврдија за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Патарината на оваа наплатна станица чини 80 денари за автомобилите, мотоциклистите ќе плаќаат 50 денари, додека другите категории на возила ќе плаќаат од 130 до 340 денари. Патарината во Демир Капија […]

Зоран Китанов заминува, Ејуп Рустеми од ДУИ нов директор на ЈП за државни патишта

октомври 20, 2020

Наместо досегашниот директор Зоран Китанов, Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта во иднина ќе биде управувано од Ејуп Рустеми, кадар на ДУИ, којшто досега беше директор на АД „Пошти на Северна Македонија“. Ваквата информација денеска ја потврди и премиерот Зоран Заев, којшто објасни дека од денеска почнува назначувањето на директорите на институциите кои се под […]

Ковид-19 ги намали за над 4,3 милиони евра приходите од патарина во третиот квартал

октомври 12, 2020

Пандемијата на ковид-19 негативно влијае врз приходите од патарина што ги остварува Јавното претпријатие за државни патишта. Во периодот јули-септември 2020 година од наплатата на патарина во земјава бил остварен вкупен промет од 9.790.479 евра, информираат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Во идентичниот квартал минатата година, од патарините по сите основи биле инкасирани […]

До почетокот на 2022 година ќе се патува по нов и реконструиран пат на Коридорот 8 кон Бугарија

септември 14, 2020

Непречено се одвива модернизацијата на патната врска меѓу Македонија и Бугарија на Коридорот 8. Најзначајниот проект – изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се очекува да се пушти во употреба до крајот на 2021 година. Патот е поделен на две делници со должина од 25 километри. Делницата од Крива Паланка до Длабочица во моментов е […]

Тендерот за „интелигентен видео-надзор“ на Коридор 10 повторно одложен за крајот на 2021 година

септември 6, 2020

Втора година по ред се одложува распишувањето на меѓународниот тендер за изградба на комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот (Интелигентен транспортен систем – ИТС) на Коридорот 10. Овој пат, појавата на корона вирусот и целокупната криза што тој ја предизвика во земјава доведоа до ново одложување на објавата на тендерот, со […]

Пуштен во сообраќај експресниот пат Штип – Крупиште долг 14,3 километри

јули 14, 2020

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека делницата Штип – Крупиште од вчера е пуштена за сообраќај, со задолжително почитување на одобрениот времен режим и поставената патна сообраќајна сигнализација. Станува збор за прва фаза од изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, која е долга 14,3 километри и за чија изградба се издвоија 20,2 милиони […]

Ќе се гради нов експресен пат од Битола кон Грција за излез на Јонското море

мај 6, 2019

По неколку години поминати во најава, државата конечно се одлучи да почне со проектирање на новиот експресен пат од Битола до македонско – грчката граница. Грција уште пред неколку години го има изградено новиот експресен пат до границата и ги чека македонските власти да го завршат нивниот дел од работата за да профункционира паневропскиот Коридор […]

Се отстрануваат старите табли на автопатот со името „Александар Велики“

февруари 20, 2018

Јавното претпријатие „Македонија пат“ почна да ги отстранува сообраќајните табли со досегашниот назив на автопатот „Александар Велики“ на Коридорот 10, кои според одлука на Владата треба да бидат заменети со нови што ќе го содржат името „Пријателство“. Од Јавното претпријатие за државни патишта,пак, информираат дека веќе ги нарачале 19-те сообраќајни табли со новото име. Набавката […]

Страна 1 од 1