fbpx

Целосно пуштен во употреба експресниот пат Штип – Кочани

-

Делницата Крупиште – Кочани  во должина од 13,7 километри денеска беше пуштена за сообраќај со што целосно се заокружи изградбата на експресниот пат Штип – Кочани што се одвиваше во две фази. Претходно, во 2020 година, беше пуштен делот од експресниот пат од Штип до Крупиште со должина од 14,3 километри.

На пуштањето на делницата во употреба присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министрите за транспорт и врски Благој Бочварски и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Ковачевски рече дека ова е значајна инвестиција за целиот источен регион и дека со неа се потврдуваат заложбите за рамномерен развој на целата држава и поврзување меѓу градовите.

„Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што го забрзуваме и олеснуваме патувањето за граѓаните од овој крај. Се намалуваат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ се зголеми безбедноста во сообраќајот“, истакна Ковачевски.

Средствата во вредност од 28,5 милиони евра за првата и 18 милиони евра за втората фаза од експресниот пат беа обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Градежните работи за изградба на оваа сообраќајница траеа повеќе од седум години. Изведувач беше кинеската „Синохидро“, додека надзорот го спроведуваше бугарската „Патинвест инженеринг“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...