fbpx

Врховен суд ја почна расправата за „бомбите“, па ја одложи на неодредено време

-

Врховниот суд на Република Македонија денеска ја продолжи расправата за можноста да се користат снимките од прислушуваните разговори, односно „бомбите“ како докази, но повторно не ја заврши. „Расправата по правното прашање е одложена на неопределено време“, се вели во известувањето објавено на судскиот портал.

Во продолжението на расправата по рефератот „Дали доказите кои се стекнати на незаконит начин можат да бидат употребени како доказ во судска постапка“ учествуваше и Мирјана Лазарова – Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, која информирала за практиката на Европскиот суд за човекови права и одговарала на прашања поставени од судиите на Врховниот суд.

За продолжението на Општата седница, јавноста ќе биде дополнително известена, соопшти прес-службата на Врховниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...