fbpx

Падна пресудата од милион евра отштета за ЗК „Пелагонија“

-

Апелацискиот суд во Битола ја укина пресудата од еден милион евра отштета што јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола требаше да му ја исплати на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, заради договорена, а неиспорачана вода за наводнување на земјоделските парцели на комбинатот во летото 2015 година, кога хидросистемот имаше хаварија на цевководот.

Апелацискиот суд во Битола расправајќи речиси седум месеци по жалбата на јавното претпријатие „Стрежево“, одлучи пресудата за овој случај донесена од судијата Злата Маџароска, од Основиот суд-Битола, да ја укине и да ја врати на повторно одлучување.

-Укината е првостепената одлука и е вратена повторно во Основниот суд. Апелација дала и упатство вештите лица кои вршеле проценка на штетата да го надополнат вештиот наод со нови вештачења- потврди за „Мета“, портпаролот на Основниот суд во Битола, истражната судијка, Милка Бизевска.

За овој случај кој со особено внимание се следи во Битола, директорот на туженото јавно претпријатие, Марјан Ѓероски, најави дека незадоволни од првостепената пресуда поднеле претставка до надлежниот судски совет со барање да се утврди пристрасност кај судијата Маџароска.

Во првостепената пресудата стои дека во 2015 година двете страни склучиле договор за наводнување на земјоделските површини на комбинатот, насадени претежно со хибридна пченка, но дека поради дефект на главниот доводен канал на системот на „Стрежево“, во одредени периоди имало прекини во наводнувањето или, пак, воопшто немало вода до засеаните ниви, што предизвикало намалени приноси кај парцелите на ЗК „Пелагонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...