Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен дожд, а во источните со сончеви периоди. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 21 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец.
Утринската температура ќе биде околу 15 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 24 степени.
До понеделник ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Температурата ќе биде во благ пораст. Целосно стабилизирање на времето се очекува од вторник.