fbpx

Времето денеска претежно сончево и топло

-

Во Македонија времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со слаб северен ветер, а температурата ќе се искачи најмногу до 34 Целзиусови степени, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). УВ-индексот ќе биде 9. Ќе има и слаба облачност во источните и во западните делови од земјава.

Температурата ќе се движи од 25 Целзиусови степени на западот на земјава, 27 степени во Охридско-струшкиот Регион и во Малешевијата, 29 степени на крајниот североисток, 30 степени во Пелагонија, до 33 степени во Скопје и во Повардарието. Највисока температура се очекува на крајниот југоисток, каде максимумот ќе биде 34 Целзиусови степени.

Времето од денеска  ќе станува сè потопло, но утре се можни локални краткотрајни дождови, а исто ќе биде и в петок. Во текот на викендот исто така ќе има услови за дожд, со можности за грмежи, особено во западните делови на Македонија, вели прогнозата на УХМР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...