Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринската температура се движи од 7 до 16 Целзиусови степени, додека максималната дневна ќе достигне до 25 Целзиусови степени.
Утре нè очекува умерено облачно време со сончеви периоди и со температура од 12 до 23 Целзиусови степени.
В четврток исто така ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, но сончевите периоди ќе траат подолго и затоа ќе имаме малку повисока дневна температура која ќе се движи во интервал од 13 до 24 Целзиусови степени.