fbpx

Војната во Бахмут беснее и за Велигден, Русија и Украина разменија војници

Серхиј Черевати, портпарол на источната воена команда на Украина за телевизискиот канал „1+1“ рече дека жестоки крвави битки невидени во последниве децении се водат во градот Бахмут

-

Украинските и руските вооружени сили водат интензивни борби во разурнатиот град Бахмут и за време на Велигден, пишува Гардијан.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека борците од платеничката група Вагнер зазеле уште два дела на Бахмут, кој е главна цел на руската офанзива веќе подолг период наназад во источна Украина.

Серхиј Черевати, портпарол на источната воена команда на Украина за телевизискиот канал „1+1“ рече дека жестоки крвави битки невидени во последниве децении се водат во градот Бахмут.

„Нашите војници прават сè во крвавите и жестоки битки за да ја срушат борбената способност (н.з. на непријателот) и да го скршат неговиот морал. Секојдневно во секој агол на овој град успешно го прават тоа“, изјави Черевати.

Инаку, руски и украински извори потврдија дека денеска е извршена голема размена на затвореници по повод Велигденските празници.

„Околу 130 украински воени заробеници се ослободени и вратени дома во „голема велигденска размена“, изјави денеска Андриј Јермак, висок функционер на украинскиот претседател.

Тој додаде дека размената на затвореници се одвивала фазно во текот на изминатите неколку дена.

Јермак рече дека меѓу украинските заробеници кои се вратиле дома имало војници, граничари, членови на националната гарда, морнари и вработени на државната гранична служба.

И шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин објави видео од размената на најмалку 100 украински воени заробеници. Тој им нареди на своите сили да ги подготват сите заробеници за размена, по што на групата украински затвореници потоа им било кажано дека ќе бидат предадени на украинските сили за да го одбележат православниот празник Велигден.

„Се надевам дека нема да ни паднете повторно во рацете“, се слуша како вооружен војник на Вагнер во видеото им кажува на мажите пред да им нареди да влезат во камион, со неколку шишиња вода за пиење во рацете.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...