fbpx

Во Турција уапсени седум лица поврзани со нападот во Кајсери

-

Турската полиција уапси седум лица, а трагаат по уште пет за кои се смета дека се поврзани со денешниот напад со автомобил бомба во Кајсери, во кој загинаа 13 војници, а 55 се повредени, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

Автомобилот експлодирал во близина на автобуска станица кај универзитетот во градот, во момент кога покрај него поминувал автобус кој превезувал цивили и воени лица кои не биле на должност.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно соопшти дека зад нападот стои „сепаратистичката терористичка организација“ Курдска работничка партија (ПКК) и не ја исклучи можноста таквите напади да се поврзани и со настаните во Ирак и во Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...