fbpx

Во Штип утре ќе гласаат 138 болни лица

-

На претстојните предвремени парламентарни избори, бројот на изнемоштени и на инвалидизирани лица кои побарале да гласаат во домашни услови во Штип изнесува 138 лица.

Бројот на вакви лица, кои се пријавиле во Општинската изборна комисија (ОИК) е зголемен во однос на минатите избори во 2014 година кога тој број изнесувал 85, но многу намален во однос на изборите во 2011 година кога имало 436 вакви лица.

Според претседателката Сенка Андреева, тоа се должи на ригорозните упатства на Државната изборна комисија (ДИК).

– Повикавме специјалист лекар од Клиничка болница. Со негова помош, направивме разгледување на секоја дијагноза, на секој упат и на секоја апликација. Така, слободно можам да кажам дека од сите поднесени барања, многу мал број се одбиени, бидејќи не соодветствуваа со упатството на ДИК – изјави Андреева.

Утре, односно еден ден порано, гласаат и затворениците во штипскиот затвор.

В недела во Општината Штип ќе се гласа на 80 гласачки места, односно на две места помалку во однос на претходните избори. Во две села се затворени гласачките места поради тоа што го нема законскиот минимум од 10 гласачи. Жителите на овие села ќе гласаат во соседните места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...