Во последните 24 часа починале 33 пациенти – речиси исто колку во претходното деноноќие

Фото: Министерство за здравство

Министерството за здравство, на основа на податоците од Институтот за јавно здравје, соопшти дека во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на ковид-19.

По градови, бројките изгледаат вака. Скопје – 341, Прилеп – 59, Куманово – 41, Велес – 37, Гостивар, Битола и Охрид – по 26, Кавадарци – 23, Тетово – 18, Штип – 17, Кочани – 16, Неготино и Дебар – по 11, Гевгелија – 10, Струмица – 9, Струга – 7, Свети Николе, Ресен и Виница – по 5, Македонска Каменица – 3, Кичево, Богданци, Демир Капија и Дојран – по 2, Радовиш, Делчево, Берово и Валандово – по 1.

Во истиот временски период, починале 33 лица, што е многу блиску до бројката за претходното деноноќие, односно 35 починати во петокот и саботата до пладне.

Починатите од новата статистика се: 8 пациенти од Скопје (85 г.,82 г.,78 г.,76 г.,75 г.,74 г.,45 г.,39 г.), по 4 пациенти од Прилеп (71 г.,70 г.,70 г.,64 г.) и Куманово (81 г.,69 г.,62 г.,56 г.), 3 пациенти од Кавадарци (70 г.,67 г.,58 г.), по 2 пациенти од Гостивар (67 г.,64 г.), Битола (75 г.,67 г.), Велес (71 г.,51 г.) и Неготино (73 г.,71 г.) и по едно починато лице е пријавено од Тетово (59 г.), Охрид (70 г.), Кочани (74 г.), Кичево (74 г.), Гевгелија (66 г.) и Берово (69 г.). Од пријавените 33 лица, сите се починати во болнички услови.

Досега во земјава се направени вкупно 615.457 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.