fbpx

Во Лешочкиот манастир осветен мермерен крст поставен во чест на руски монаси

-

Во Лешочкиот манастир, денеска беше осветен мермерен крст поставен во чест на руски монаси. Крстот го освети Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан, а е поставен во чест на 35 руски монаси од Валамскиот манастир, кои по Октомвриската револиција во 1926 година пребегнале во Лешочкиот манастир, каде живееле две години.

– Крстот нека биде надеж за ова место, кое со векови било угнетувано и страдало. Дека ние христијаните, нема со што да се фалиме освен со светиот крст – г.г. Стефан.

На чинот на осветувањето прусустваа Митропилитите на Брегалничката епархија г. Иларион, на Тетовско – гостиварската епархија г. Јосиф и на Дебарско – кичевската епархија г. Тимотеј.

Беше присутна и руска делегација и монаси од Валамскиот манастир.

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Николаевич Шчербак, изјави дека крстот е симбол и порака за добрите односи и пријателства меѓу македонскиот и рускиот народ.

– Од Лешочкиот манастир руските монаси почнале да одат по другите манастири во Македонија од каде проповедале христијанство и живееле богоугоден живот. Овој крст нека биде симбол за поклонување и ќе ја покажува нераскинливата духовна врска меѓу двата народа – изјави Николаевич Шчербак

Пред чинот на осветувањето на крстот, архиепископот Стефан со свештенослужители од Македонската православна црква, отслужија божествена литургија во Манастирската црква „Свети Атанасиј“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...