Фото: Арбнора Мемети

Во ковид центрите во земјава има околу 150 празни болнички кревети, од кои 30-тина се во Скопје, информира Министерството за здравство. Тие информираат бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.313. Во Скопје во последните 24 часа во ковид центрите се хоспитализирани 42 нови пациента. Дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираат од Министерството за здравство.