Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 616 и има околу 418 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 8 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти и 10 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 23 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 95 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања во Козле има 28 пациенти. На Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) нема хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во внатрешноста е пријавено дека се лекуваат вкупно 354 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 3, во Кичево 8, Кавадарци 44, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Од Министерството за здравство велат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.