Фото: Министерство за здравство

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.036 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 703 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, иако кога ќе се соберат испратените бројки од Министерството за здравство за ковид центрите во Скопје, оваа бројка изнесува 679.

Според Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.739 и има околу 220 празни болнички кревети во ковид центрите. Во скопските болници, утрово до 8 часот имало 60 слободни места.

„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, информираат од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 122 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 89 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 102 болни, а во Куманово 90 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Прилеп 144 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 33 во Кичево 31, Кавадарци 78, а во Гевгелија 26 лица позитивно и суспектно на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 65 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 4 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а 8 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 10 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 43 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.