fbpx

Во клиничкиот кампус потешко се доаѓа до паркинг отколку до болнички кревет

Неодамна, новиот министер за здравство изјави дека прв приоритет за решавање ќе му биде токму сообраќајниот хаос во кругот на Клиничкиот центар

-

Блокиран влез и улици од автомобили, заглавени возила на преполните паркинзи, нервозни возачи, свирежи од автомобили, редици граѓани кои чекаат во ред да платат сметка за услугата паркинг…

Ова е сликата што ќе ве пречека ако појдете во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје. Паркирани возила во лентите за движење го отежнуваат и онака тешкото движење низ тесните улици во кампусот. Сообраќајниот метеж во овој дел од градот, е голема пречка за сите – и за возачите и за пациентите, кои многу често се случува да доцнат на договорените термини за здравствена услуга.

Фото: Мета.мк

Ниту обновените улички и дури тројно зголемиениот капацитет за паркирање на клиничкиот кампус што се случи во 2020 година, во време кога министер за здравство беше д-р Венко Филипче, не овозможија непречено укажување здравствени услуги.

„Од Берово сме со сопругата. Намерно стасавме во 6 часот утрово, за да не се случи да заглавиме на влезот во Клиничкиот центар или внатре во уличките. Така имав доволно време да најдам паркинг место и не задоцнивме на терминиот за преглед кој сопругата го имаше овде на Клиниката за хематологија. Минатиот пат заглавивме цел еден час на излегување, оти возила беа блокирани и не можеа никако да се одблокираат и да ја ослободат уличката. Метежот овде е огромен“, ни рече Спасе Стоилов, кој чекаше до својот паркиран автомобил, за да не се случи некој да го заглави и да не може да си замине од клинички.

Фото: Мета.мк

Во овој дел проблем е и излегувањето од кампусот, ако сте дојдени со возило. Мора да се чека ред за да се плати билет, а потоа проблем е да се стаса до рампите за излез, бидејќи буквално секоја уличка што води до излезите е блокирана со возила.

Пред неполни три години, тогашниот градоначалник Петре Шилегов и министерот за здравство Венко Филипче, го пуштија во употреба новиот паркинг кај Клиниката за гинекологија со капацитет за 150 возила. Тогаш, овој дел заличе на инфраструктурно уреден простор, во кој полесно ќе се функционира. И новите влезови и излези во Клинички и посебните влезови за возилата на Итна помош, кои ги овозможија надлежните, требаше да го олеснат движењето, но, за жал, сообраќајниот метеж овде сè уште е реалност.

Неодамна, новиот министер за здравство изјави дека прв приоритет за решавање ќе му биде токму сообраќајниот хаос во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На кој начин тоа ќе го изведе, дали со изградба на монтажни гаражи или ќе примени некоја друга опција, останува да видиме. Мета во демекври пишуваше за овој хаос, но тогаш, ниту во ЈП Градски паркинг, ниту во Министерството за здравство, не одговорија на нашите прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...