fbpx

Во Италија и во Грција вчера влегле 2.000 бегалци

-

Во текот на вчерашниот ден, властите на Грција и на Италија соопштија дека во двете земји влегле околу 2.000 мигранти од Турција, односно од Северна Африка.

Грчката крајбрежна стража информира дека во пристаништето Пиреја од Турција, преку островите Лезбос, Хиос и Самос, пристигнале околу 1.700 имигранти.

Според истиот извор, од почетокот на неделава во Грција по морски пат од Турција влегле повеќе од 12.000 мигранти.

Во исто време, италијанската крајбрежна стража соопшти дека во Италија на католичкиот Божиќ влегле околу 300 мигранти, кои со бродови пристигнале од Северна Африка.

Според последните податоци на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), објавени во четвртокот, од почетокот на годинава во Грција преку Егејско Море од Турција пристигнале повеќе од 800.000 мигранти, додека во Италија преку Медитеранот од Африка илегално дошле околу 150.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...