fbpx

Во Европа преку Средоземно Море пристигнале 593.432 имигранти и бегалци

-

Од почетокот на годината во Европа преку Средоземно Море пристигнале 593.432 имигранти и бегалци, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Најмногу имигранти и бегалци примила Грција – 453.912, а во Италија пристигнале 136.408.

Повеќето што пристигнале во Грција се Сиријци (277.899), Авганистанци (76.620) и Ирачани (21.552). Во Италија пристигнале најмногу Еритрејци (35.938), Нигеријци (17.886) и Сомалијци (10.050).

Според ИОМ, од 9 октомври бројот на имигранти и на бегалци во Европа се зголемил за повеќе од 13.000 лица. 3.103 лица загинале во Средоземно Море оваа година во обид да стигнат до Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...