fbpx

„Плејбој“ повеќе нема да објавува фотографии на целосно разголени модели

-

Магазинот „Плејбој“ одлучил повеќе да не објавува фотографии на целосно разголени модели во своите печатени изданија, објави денеска „Њујорк тајмс“.

Одлуката, според информациите на „Њујорк тајмс“, најверојатно била донесена минатиот месец, на состанок на кој присутвувал и основачот и актуелен главен уредник на магазинот, Хју Хефнер.

Една од главните причини за редизајн на списанието, според сопствениците, е големата конкуренција од другите издавачи и лесно достапните порнографски содржини на интернет.

Сепак, магазинот, чие прво издание беше објавено во 1953 година, и понатаму ќе објавува фотографии на девојки во провокативни пози, но не целосно разголени.

„Немојте да ме сфатите погрешно… 12-годишникот во мене е многу разочаран од сегашниот јас. Но, она што го правиме е правилно“, ја цитира „Хафингтон пост“ изјавата на еден од уредниците во „Плејбој“, Кори Џонс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...