fbpx

При експлозија во зграда во Барселона, повредени се 15 лица

-

Експлозија во станбена зграда се случи денеска во каталонската општина Премија де Мар во Барселона, Шпанија.

Во експлозијата, од која се урнал дел од зградата, повредени се повеќе од 15 лица, а најмалку еден е загинат.  Сите жители на зградата се евакуирани.

Според информациите на локалните медиуми, во болница се сместени најмалку 15 лица, а состојбата на двајца од нив е тешка.

Причините и околностите околу инцидентот се разјаснуваат. Од полицијата сметаат дека станува збор за експлозија на гас за домаќинство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...