fbpx

Во борбите во Сирија, за еден месец загинале повеќе од 5.000 лица

-

Повеќе од 5.000 лица загинале во борбите во Сирија за време на муслиманскиот свет месец Рамазан, период во кој сите воени судири се забранети, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Во периодот од 18 јуни до 16 јули загинале 5.026 лица, меѓу кои најмалку 1.220 цивили.

Во Сирија, граѓанската војна е почната од март 2011 година. Дамаск е вклучен во борбите на многубројни фронтови, против таканаречената умерена опозиција и бројните екстремистички бунтовнички групи, вклучувајќи ја и Исламска држава.

Според процените на Обединети нации, во конфликтот животот го загубиле повеќе од 220.000 лица, а преку 11 милиони се преселени, при што се создаде една од најтешките хуманитарни кризи во светот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...