fbpx

Во Авганистан убиени 300 борци на Исламска држава

-

Авганистанските сили, со помош на САД убиле 300 борци на Исламска држава во операциите кои ги покренале пред две недели, изјави денеска американскиот и НАТО генералот Џон Николсон.

Николсон оцени дека со ова е зададен голем удар на ИД и додаде дека офанзивата е покрената во Нагархар.

Се претпоставува дека ИД има контрола врз тро или четири од повеќе пд 400 области во Авганистан.
Николсон, кој допатува во Њу Делхи за да разговара со претставници на индијската војска рече дека за време на операциите се убиени „одреден број истакнати лидери“ на ИД, како и 300 борци.

ИД во Авганистан се појави кон почетокот на минатата година и имала околу 3.000 борци во врвот на својата моќ во оваа земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...