fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се откажува од функционерите спомнати во „бомбите“?

-

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ спомнати во „бомбите“ на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, немаат шанса да се најдат на пратеничките листи, се коментарите на луѓето од политичките кругови во Битола.

Зоран Илиоски, актуелен пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кого го слушнавме во една од „бомбите“ за Битола, негира дека партијата донела таква одлука.

– Партиска одлука за тоа прашање нема. Тоа се само муабети дека политичарите споменати во „бомбите“ имаат помала шанса да се најдат на новите пратенички листи – изјави за „Мета“ пратеникот Илиоски.

Тој негира дека воопшто во партијата се разговара за имиња или за тоа кој сè би можел да биде на листата за пратеници во петтата изборна единица.

– Според досегашното искуство, листите се затвораат на денот кога се предаваат, така што неизвесно е кој сè би се нашол на нив – вели Илиоски.

Сепак, и тој и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола , Борче Димитровски, потврдуваат дека сега е период кога ВМРО-ДПМНЕ е меѓу членството и се сублимираат идеите од терен.

– Апсолутно дека партијата се подготвува за избори директно на терен. Се екипираме и постојано сме во контакт со граѓаните – вели Димитровски.

Во градот веќе се споменуваат имиња што би биле на врвот на листите за пратеници и од власта и од опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ најголеми шанси за кандидатура за нов мандат имаат актуелните пратеници Зоран Илиоски и Лилјана Кузмановска, но тука е и новото раководство на општинскиот комитет, претседателот Борче Димитровски, потпретседателката Емилија Героска и секретарот Илче Димовски.

И за опозицијата е рано за имиња, вели претседателот на општинската орагнизација на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски, додека, пак, лидерот на ЛДП , битолчанецот Горан Милевски, тврди дека за листи не се размислува со коалициските партнери додека не се обезбедат фер и слободни избори.

– Како опозиција досега не сме отвориле дискусија за пратеничките листи. Нашата битка е победа над режимот и справување со груевизмот – вели лидерот на ЛДП и актуелен пратеник Милевски, за кого е сè поизвесно дека ќе биде претставник од петтата изборна единица.

Во опозицискиот СДСМ во Битола, има голема неизвесност дали на листата ќе се најде заменикот на Заев, Александар Кирацовски, или актуелниот пратеник Васко Ковачевски. Голема веројатност да се кандидира за втор мандат има пратеничката Јулијана Силјановска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...