fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши да се соочи со граѓаните, локалните избори немаат врска со изборот на влада

-

„СДС во страв од соочување со граѓаните се обидува да го пролонгира рокот за одржување на локалните избори. СДС треба да собере храброст и барем еднаш да ги стави државните интереси и приоритети над партиските“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и парламентарното мнозинство мораат да овозможат непрекинато фунционирање на единиците на локалната самоуправа и во најкус можен рок да изгласаат продолжување на мандатите на градоначалниците и на советите на општините и на Градот Скопје, но и да се определи најбрз можен датум за одржување на локалните избори. Одржувањето на локалните избори нема никаква врска со формирањето влада. СДС не треба и не смее да бара изговори за одржување на локалните избори, кои се редовни и неопходни.  Пролонгирањето на локалните избори не е притисок врз претседателот Иванов, туку само обид да се купи време за локалните избори да не се одржат на почетокот на јули, од страв дека истите катастрофално ќе ги изгубат како последица на антидржавното дејствување на Заев и на целиот врв на СДС“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...