fbpx

Притворот и потерниците за Сеад Кочан укинати

-

Апелацискиот суд Скопје вчера до Основен суд Скопје ја доставил одлуката на Врховен суд со која се укинува притворот за бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, по што Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 донел одлука да ги повлече потерниците што судот ги изрече, изјави Стојанче Рибарев, в.д. претседател на Основен суд Скопје 1.

„Мета“ вчера попладнето се обиде да ја провери информацијата што проструи во медиумите, дека Врховниот суд го укинал притворот на Кочан уште во петокот, но оттаму добивме информација дека ако не е објавена на веб-страницата на судот, за одлуката која е донесена ќе може да се зборува дури в понеделник.

Кочан доби притвор по барање на Специјалното јавно обвинителство, кое го осомничи во случајот „Труст“ за ископ на јаглен за РЕК „Битола“, заедно со уште двајца директори на фирми.

Според СЈО, осомничените се товарат дека на незаконски начин оствариле профит од 17 милиони евра. Станува збор за злоупотреби сторени на тендер за ископ на јаловина и на јаглен во Суводол објавен на 7 октомври 2011 година, а како осомничени се јавуваат сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, директорот на „Силекс ДОЕЛ“, Василије Авировиќ, и управителот на фирмата „Вато“ од Скопје, Сафет Ватиќ, како и самите компании. Овие лица на тендерот на ЕЛЕМ дале лажни податоци за поседување техничка опрема и кадровска екипираност. И покрај приложената невистинита документација, Комисијата за јавни набавки на ЕЛЕМ го избрала овој конзорциум како најдобар понудувач и сите пари досега се исплатени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...