fbpx

СДСМ: Неопходни се нова влада и локални избори!

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, веднаш да го даде мандатот, со што ќе овозможи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, брзо да ја формира новата влада и потоа законски да се утврди датумот за локалните избори, побара денеска СДСМ.

Во соопштението од партијата се вели дека „блокадата на демократските процеси кулминира со штети врз граѓаните со утрешниот престанок на мандатот на градоначалниците и на советите“.

„Иванов нема право да ја загрозува егзистенцијата на луѓето во општините кои нема да можат да земаат плати и да ги блокира граѓаните да си ги добијат потребните општинските услуги, само затоа што на Никола Груевски и на неговите соработници кои сакаат да бегаат од правдата, им одговара дестабилизација на државата. Повторуваме дека лицитирањето со датуми за локалните избори е крајно несериозно и никаде не води. Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да преовладее разумот, партијата да постапи конструктивно и да овозможи Македонија да оди напред“, порача СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...