fbpx

Владата е посветена на наоѓање решение за спорот за името со Грција, порача Заев

-

Владата на Република Македонија создава услови за градење национален консензус со сите клучни и одлучувачки политички субјекти за да се забрза интеграцијата во НАТО, рече премиерот Зоран Заев, кој се обрати на завршната конференција за проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евроатлантските интеграции“ во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија, со поддршка на „Цивика мобилитас“.

Заев истакна дека Владата е посветена на наоѓање решение за спорот за името со Грција.

– Веруваме дека тоа е можно преку инклузивен пристап дома и со градење на позитивна атмосфера на добрососедство и соработка со Република Грција – рече Заев, додавајќи дека очекува Македонија да биде следната членка на НАТО и во првата половина на 2018 година да добие покана за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој посочи дека повеќе од 75 отсто од граѓаните на Македонија се убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи и оти Владата, со поддршка од граѓаните и од меѓународни партнери го трасира патот кон НАТО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...