fbpx

Влада: „Open Balkan ID” за слободен пристап до пазарот на труд

-

Делегација на Република Македонија предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски учествуваше на работниот состанок на кој вчера и денеска се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите кои ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар.

На состанокот се утврдени следните чекори со кои преку иницијативата „Отворен Балкан” веќе од наредната година ќе се овозможи слободен пристап до пазарот на труд и за поврзување без граници.

На состанокот беа разгледани првите нацрт решенија за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, како и за слободен пристап до пазарот на труд со креирање на „Open Balkan ID” со што на граѓаните од целиот регион им се отвораат бројни поволности.

Во работните групи на состанокот на експертско ниво учествуваа претставници на Министерството за економија, на Министерството за надворешни работи, на Министерството за внатрешни работи, на Министерството за информатичко општество и администрација, како и претставници на Институтот за акредитација, на Царинска управа, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Инспекторатот за земјоделство, на Фитосанитарната управа, на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Од страна на реалниот сектор на состанокот учествуваа и претставници од Стопанската комора на Македонија, кои уште од почетокот се дел од иницијативата „Отворен Балкан” и кои на поврзувањето во заеднички и отворен пазар на регионот му дадоа целосна поддршка, стои во соопштението од Влада на РМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...