fbpx

До 13 часот во Дебар гласале 17.19 проценти од гласачите, прифатени се 8 приговори

-

На вториот изборен круг за градоначалник на општината Дебар од пристигнатите податоци од 49.49% од избирачки места, до 13 часот излезноста на гласачите изнесува 17.19%, соопшти Државната изборна комисија.

На 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19211 гласачи.

До 13 часот поднесени се осум приговори за заштита на личното избирачко право. Сите осум приговори се прифатени.

Изборните набљудувачи на ЦИВИЛ јавија дека гласањето започнало навремено, но забележан е случај на непристапност на избирачките места број 0546, 0541, 0544 во ОУ „Пенестија“, каде што претежно гласаат жителите од населба Венец 2.

Според набљудувачите на ЦИВИЛ уредите за биометриска идентификација на гласачите повторно не функционираат во голем број случаи.

На избирачко место 0477 во село Могорче, 9 гласачи имаа проблем со фингерпринт апаратот, додека на избирачко место 477/1, во истото село, се бележат два такви случаи. На сите гласачи кај кои има проблем со уредите, им се дозволува да се регистрираат на алтернативен начин, наведува ЦИВИЛ.

На избирачките места во градот Дебар, кои ги посетија набљудувачите на ЦИВИЛ се бележи дека еден од тројца гласачи има проблем со фингерпринт апаратот.

Поради проблемите до фингерпринт апаратите, гласањето се одвива бавно и се создаваат редици пред избирачките места.

Еден гласач го немаше на Избирачкиот список во избирачкото место 0541.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...