Вчера во Македонија влегле 3.673 странски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив 1.741 се мажи, 725 жени и 911 се деца што го придружуваат носителот на потврдата.

Издадени се и 296 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на деца што патуваат без родител.

Според државјанството, најбројни се државјаните од Сирија – 1.570, Ирак – 1.174 и на Авганистан – 929.