fbpx

Охриѓани го чествуваат празникот на Свети Климент Охридски – патронот на Охрид

-

Во Охрид почнаа чествувањата по повод патрониот празник на градот – Свети Климент Охридски, кои ќе се одржуваат неколку дена.

Програмата за одбележувањето на празникот почна со промоција на монографија за црквата „Св. Никола Чудотворец“, како и со изложба на мапа со фрески на цркви од Охрид, од м-р Ленче Мојсовска, советник, историчар и конзерватор во Завод и музеј во Охрид.

Денеска, од 10.45 часот ќе се трча Осмодекемвриски атлетски крос по кејот Македонија, од хотелот „Гарден“ до Градското пристаниште.

Утре во 13 часот ќе почне приредбата „Младите во чест на Свети Климент Охридски“ на плоштадот.

В понеделник, од 16 часот, свеченостите продолжуваат со манифестацијата „Сите кон Свети Климента“, со групно поаѓање кон црквата на Плаошник.

Исто така, ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во 18.30 часот, а свечената приредба по повод патрониот празник на ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи во објектот на училиштето.

На 8 декември, во вторник, во 09.30 часот, ќе има поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски во црквата на Плаошник, а во 18 часот ќе биде отворена традиционална изложба на фото-клуб „Охрид“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...