Високи поетски признанија за Шипинкаровски, Петрески и за Мундишевска-Велјановска

-

Струшкиот поет Петко Шипинкаровски е добитник на Висока награда и на диплома од прв степен за песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“, како и на наградата „Јубилејна грамота“ за учество на десеттиот Меѓународен славјански конкурс за преводи во поезијата (2016, 2017).

Конкурсот го распиша еден од најголемите руски портали „Стихи ру“ од Москва, организиран од руската поетеса Олга Малцева Арзиани.

На овој меѓународен поетски натпревар наградени се и поетите Христо Петрески и Весна Мундишевска-Велјановска.

Шипинкаровски беше награден меѓу големиот број поети од Русија, Бугарија, Украина, Белорусија и од Канада, номинирани од Меѓународното жири во состав Владимир Манчев, претседател и Евгенија Георгиева (Бугарија), Соловевна Валентина-Василевна, Елена Арзиани и Олга Малцева-Арзиани од Русија.

За овој голем поетски меѓународен натпревар, циклус од дваесетина песни се преведени од Вања Ангелова (Бугарија) на бугарски јазик и од Олга Борисова (Русија) на руски јазик, а песни на рускиот поет Александар Књазев (Русија) се преведени од руски на македонски јазик од Шипинкаровски.

Песните на македонските поети Шипинкаровски, Петрески и Мундишевска-Велјановска ќе бидат публикувани во збирно издание, алманах.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...