fbpx

Величковски: Политичката криза не се решава само со правна рамка

-

Политичката криза не се решава само со правна рамка, еднакво како што незрелоста на политичките лидери во земјата не може да биде алиментирана од грижата на меѓународната заедница за политичката криза да не прерасне во безбедносен предизвик, изјавил претседателот на Либералната партија (ЛП), Ивон Величковски, на денешната средба со амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Чарлс Гарет.

Како што посочил Величковски на средбата, приоритет на неговата партија ќе биде „постпржинскиот процес и имплементацијата на извештајот на Прибе.

„Политичката криза трае со години, а кулминира од изборите во 2014 година. Меѓународната заедница повторно помогна да го премостиме недостигот од политичко лидерство и од дијалог во Македонија. Но, за Либералната партија е јасно дека политичка криза не се решава само со правна рамка, еднакво како што незрелоста на политичките лидери во земјата не може да биде алиментирана од грижата на меѓународната заедница за политичката криза да не прерасне во безбедносен предизвик. Затоа, Либералната партија за свои приоритети ги поставува постпржинскиот процес и имплементацијата на извештајот на Прибе“, изјавил Величковски, стои во соопштението од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...