fbpx

Вељаноски: Ако партиите се договорат, можно е одложување на изборите

-

Кога четворицата лидери го ставиле потписот на Договорот во Пржино, веројатно имале предвид дека 24 април е изводлив датум за одржување предвремени избори, вели претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, за „Гласот на Америка“.

Запрашан дали е можно одложување на изборите на 24 април, под кое било сценарио, тој додава дека сè е можно ако се договори.

– Но, не е пожелно, ниту прикладно затоа што непочитување на еден договор, остава простор за непочитување на сите идни понатамошни договори. А непочитување е и на датумот кој е договорен и ставен е потписот од четворицата лидери на политички партии – нагласува првиот парламентарец.

Тој вели дека одредени рокови може да се поместуваат, но не се толку невозможни за да завршат сите работи и да имаме квалитетни избори, за да може Македонија потоа да одговори на сите предизвици.

– Најбитно, според мене, е да се дојде до едно решение, кое ќе биде признато од сите фактори во политичката борба која претстои, за да може да имаме избори чии резултати ќе бидат признати од сите политички партии. Не сакам да помислам дека една моќна и значајна опозициска политичка партија како СДСМ нема да учествува на изборите. Се надевам дека во последен момент ќе се премислат. Се надевам дека ќе се најде решение за прашањето за медиумите и ќе се расчистат сите прашања кои би биле, условно кажано, пречка за да се спроведат изборите – вели Вељаноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...