Вчера вакцинирани 12.022 граѓани

Вакцините Фајзер/Бионтек | Фото: Министерство за здравство 17.02.2021 г.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 733.226 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.179 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.022 граѓани. Во државата вкупно се ставени 1.280.332 дози вакцини, а ревакцинирани се 547.105 граѓани, соопшти министерството за здравство.

Со последните бројки 53 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 28% од населението на возраст 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.