fbpx

Вчера низ Македонија поминале 1.636 бегалци

-

Во периодот од 8 часот на 26 септември до 8 часот на 27 септември годинава, издадени се потврди на вкупно 1.636 странски државјани, од кои 1.070 се од машки пол, 183 се од женски, 333 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 50 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 934, Авганистан – 317, Ирак-281, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до 27 септември годинава, издадени се потврди на вкупно 100.238 странски државјани, од кои, 66.531 се од машки пол, 13.508 се од женски, 16.966 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 3.199 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 75.950, потоа Авганистан – 10.606, Ирак – 6.230, Пакистан – 2.683, Палестина – 1.105, Сомалија – 635, Бангладеш – 631, Иран – 585, Конго – 368, Нигерија – 222, Камерун – 178, Еритреја – 163, Етиопија – 126, Судан – 114, додека другите се во помал број.

Во периодот од 8 часот на 26 септември до 8 часот на 27 септември годинава, до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил .

Од почнувањето на издавањето на потврдите до 27 септември 2015 година до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 37 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и од Авганистан, од кои четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и од Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...