fbpx

Варуфакис ѝ го покажа средниот прст на Германија

-

Главна тема утринава во Германија е грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, кој на Германците им го полажал средниот прст за време на фестивалот „Субверзив“ во Загреб.

Варуфакис синоќа првпат настапи на германска телевизија во гледаната емисија на водителот Гинтер Јаух, на „А-Ер-Де“. Кулминацијата на емисијата беше кога Јаух пушти снимка од мај 2013 година, на која Варуфакис на фестивалот во Загреб пред бројна публика вели: „Грција во јануари 2010 година едноставно требаше да објави дека не е во состојба да ги исполни своите обврски во евра, како што тоа го направи Аргентина, да ѝ го покаже средниот прст на Германија (тука ја подигнал левата рака и го покажал средниот прст) и да каже ’Сега сами решете си го проблемот’“.

Видно вознемирениот Варуфакис ја оспори автентичноста на видеоснимката.

– Видеозаписот е лажен. Тој прст не го покажав, прстот е монтиран. Тоа со сигурност ви го кажувам, верувајте ми – рече Варуфакис.

Германски медиуми, „Билд“, „Шпигел“, „Фокус“ и други, веднаш повикаа експерти за видеомонтажа и тие се едногласни дека не се работи монтажа, туку видеозаписот е автентичен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.