fbpx

Путин изненадно нареди засилени воени вежби во Русија

-

Руската Северна флота и падобранските единици денеска почнаа воени вежби во кои учествуваат 38.000 војници, повеќе од 55 воени бродови и подморници и 110 авиони и хеликоптери, соопшти рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

– Новиот предизвик и закана за воената безбедност бара понатамошно зајакнување на воените капацитети на вооружените сили – изјави Шојгу.

Министерот истакна дека рускиот претседател Владимир Путин наредил припадниците на Северната флота и на падобранските единици да бидат во целосна готовност во рамки на ненадејните маневри.

– Петдневните вежби се одржуваат на копно, море и во воздух – рече генерал Шојгу, додавајќи дека главна задача е да се процени способноста на вооружените сили на Северната флота и исполнувањето на задачата на обезбедување на воената безбедност на Руската Федерација и на регионот Арктик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...