fbpx

Ограбена црквата „Свети Димитрија“ во струшко Октиси

-

Четири кандила украл засега непознат сторител од црквата „Св. Димитрија“ во струшкото село Октиси, соопшти СВР од Охрид.

Кражбата била извршена во периодот од декември минатата до март оваа година, по претходно насилно кршење на цилиндарот од главната влезна врата на црквата од северната страна. Сторителот употребил тврд предмет, со кој насилно ја оштетил металната заштитна решетка од влезната црковна врата.

Откако влегол во внатрешноста на црквата, тој извршил пребарување низ црковните простории, по што противправно ги одзел четирите кандила.

На местото на настанот е извршен увид, а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и на пронаоѓање на сторителот на овој вандалски чин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...